Адвокатите на дел од обвинетите за Диво Насеље ќе платат по 1.200 евра казна

Апелација ги потврди казните за адвокатите Насер Рауфи, Бујар Дардхишта и Мефаил Арслани, кои ги бранат обвинетите за хоророт во Дивата населба во Куманово во мај минатата година.

Тие ќе платат казни поради нарушување на редот на едно од судските рочишта. Како што пишува Дневник, адвокатите на судењето закажано на 2 март годинава, ја напуштија судницата со објаснување дека тоа го прават бидејќи на дел од роднините на обвинетите не им било дозволено да влезат.

Сега, тие ќе платат по 1.200 евра за хаосот и непочитувањето кое го направија.

Инаку, на 9 и на 10 мај минатата година во кумановската „Дива населба“ вооружена група се судри со безбедносните сили. Во престрелката загинаа осум полицајци од специјалните и посебните единици на МВР, додека четириесетина беа тешко повредени.  Убиени беа и десет лица од вооружената група.

 
 
14.05.2016 - 11:12

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега