Пијан малолетник од Гостивар дивеел на улица: Тешко повредено 14-годишно девојче

Четиринаесетгодишна малолетничка од Гостивар се здобила со скршеница на десната потколеница и други повреди во сообраќајната несреќа, што ноќеска околу 2 часот и 30 минути се случила на крстосницата од улицата „Браќа Ѓиноски“ и кеј „Вардар“ во Гостивар.

Како што информира денеска портпаролот на СВР Тетово Марјан Јосифовски, сообраќајката се случила меѓу моторцикл, управуван од 16-годишен малолетник од Гостивар, на кој како совозач била гостиварката и автомобил „Форд Ескор“, што го управувал 23-годишниот Р.С. исто така од Гостиавр.

Гостиварчанката се здобила со тешки телесни повреди, скршеница на десната потколеница и други повреди и со такси возило била префрлена во гостиварската болница, од каде по укажаната лекарска помош, поради карактерот на повредите била упатена на скопските клиники.

По овластување на јавен обвинител, увид на местото од несреќата извршила екипа од полициската станица Гостивар и работи на утврдување на причините и се друго поврзано со сообраќајката.

Причина за несреќата е алкохолизираност на возачот на моторциклот и негова неприлагодена брзина на условите на патот.

 
 
14.05.2016 - 11:52

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега