Драма среде бел ден во Тетово: Прегазен полицаец и филмска бркотница

Драма на улицата Маршал Тито во Тетово. Среде пладне, во 15 часот и 25 минути, при  обид за запирање на возило „Форд Мондео“ со тетовски регистарски ознаки, со возилото е удрен  полициски службеник. Според податоците од полицијата, прегазениот полицаец е итно пренесен во Клиниката во Тетово каде му се констатирани телесни повреди.

Возачот успеал да избега, но подоцна  бил сопрен од полициски службеници.

Се работи за 35-годишниот Ј.К. од Тетово кој е приведен и ќе си заработи соодветна казна.

 
 
14.05.2016 - 12:09

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега