Крвава семејна драма во Кавадарци: Го тепала и гризала сопругот

Многу трагедии и несреќи овој викенд во Македонија. Како што пренесува македонската полиција, синоќа во 20 часот и 20 минути во полиција во Кавадарци, 46-годишниот Т.И. од Кавадарци пријавил дека врз него бил извршен физички напад од страна на неговата сопруга, 41-годишната З.И.

Истиот ден околу 17 часот и 45минути во канцеларија на приватна фирма во Кавадарци, З.И. влегла и започнала со разни предмети да фрла по него, по што тој бил погоден во пределот на главата и телото, а во еден момент бил гризнат на палецот од левата рака.

Кавадарчанецот со цел да го одбие нападот, ја турнал неговата сопруга и на неа и била укажана лекарска помош во болницата во Кавадарци, по што била лишена од слобода.

Полицијата работи на случајот.

 
 
15.05.2016 - 12:43

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега