Се санираат штетите од вандалите на СДСМ и СОРОС врз АВРМ

После вандалското нагрдување на објектот на Агенцијата за вработување од страна на протестантите од таканаречената “Шарена револуција” во петокот, денес интензивно се работи на санирање на штетите.

Овој чин предизвика лавини реакции на незадоволство на социјалните мрежи со коментари дека “успесите не можат да се обојат” “бојата на срамот ќе се исчисти” итн.

Агенцијата за вработување постигнува реални резултати во работата во спроведувањето на активните мерки и политики за вработување и важи за институција која е отворена за граѓаните.

Имено деновиве скопјани се самоорганизираа и ги чистеа фасадите на објектите и спомениците оштетени од вандалското боење на припадниците на СОРОС и членовите на СДСМ.

 
 
15.05.2016 - 13:14

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега