Македонската полиција на нозе: Исчезнаа три лица

Во 15 часот во Полициската станица Бит Пазар, 56-годишниот Н.П. од Скопје пријавил дека на 10. месецов во 09 часот и 30 минути од дома во непознат правец заминал неговиот брат, 39-годишниот Р.П.

Истиот се јавил на неговата сопруга и кажал дека со возило „Форд Галакси “ непознат регистарски број ќе патува службено за Турција.

Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.

Исто така, во 19 часот во Полицијата во Теарце, 46-годишниот А.Љ. од Слатино пријавил дека на 11. месецов околу 12.00 часот од неговата куќа во непознат правец се оддалечила неговата ќерка.

Се работи за 20-годишната А.Љ. 

Вчера било пријавено уште едно исчезнување.   27-годишниот Џ.Б.  од Куманово пријавил дека на 13. месецов  околу 13.30 часот од неговиот дом во непознат правец се оддалечила неговата сестра Ф.Б. (23) од Куманово.

Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицата.

 

 

 

 
 
15.05.2016 - 13:22

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега