Родителите од општина Илинден револтирани: Ременски не го потпишува решението за вршење дејност за новата градинка

Иако со целосно исполнети услови и комплетно опремена, новата градинка во општина Илинден не може да започне со работа.

Нејзиното започнување со работа го кочи техничката министерка за труд и социјална политика Фросина Ременски која не го потпишува решението за вршење дејност, велат денес револтираните родители чии дечиња остануваат дома поради несовесноста на техничката министерка.
gradinka-ilinden1

katanec-gradinka

-Детската градинка „Гоце Делчев“ во општина Илинден е подготвена за прием на нови 170 дечиња со опремени седум нови занимални, но се уште се чека на потпишување на решение за вршење на дејност од страна на министерката за труд и социјална политика. Би сакале да ја информираме јавноста за револтот кај нас родителите од општина Илинден, поради опструкциите на  министерката и спречувањето за згрижување на новите деца, истакнуваат родителите од општина Илинден.

roditel-op-ilinden

Родителите бараат Ременски јавно да одговори зошто не се потпишува решението за вршење на дејност и до кога ќе се пролонгира отворањето на новиот дел на детската градинка.

Родителите велат дека тешко им оди организирањето за тој кој ќе им ги чува децата, бидејќи тие мора да одат на работа. И наместо да се социјализираат со своите врсници, тие остануваат дома.

 
 
15.05.2016 - 15:36

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега