Три смртни случаи во бизарна несреќа: Домаќинот отишол да ги пречека музичарите па починал

Музичарите Јована Којиќ (19) и Никола Радин (42) од Кикинда починале синоќа околу 21 часот на патот Кикинда-Хоргош, додека оделе на закажана свирка, каде се судриле со Драган Хајдин (39) од Кањижа.

Јована и Никола со колегата Мирослав Попов тргнале заедно на свирка.
 
На патот требало да ги пречекa Хајдин кој бил со сопругата маја и колегата Александар, очигледно да им го покаже патот до местото каде требало да свират.
Во бизарен пресврт на настаните, музичарите и угостителите, се судриле едни со други, по што три лица починале, а три се со тешки телесни повреди.
 
Сообраќајот на оваа делница минатата ноќ бил во прекин, а припадниците на пожарната и брзата помош ги ваделе телата од возилата.
 
 
15.05.2016 - 20:58

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега