Кампања за подигнување на јавната свест за цистична фиброза

Македонското здружение за цистична фиброза и француското здружение за цистична фиброза Muco Mobile денеска почнуваат кампања за сензибилизација и подигнување на јавната свест за цистична фиброза, најчеста животно-загрозувачка ретка болест во Европа и Македонија. 

На настанот, што ќе се одржи во ЕУ Инфо центарот ќе се обратат претседателката на македонското здружение за цистична фиброза Снежана Бојчин, директорот на новоформираниот Центар за цистична фиброза-Козле доктор Оливер Зафировски и Ивана Атанасовска, член на Здружението за цистична фиброза. 

Снежана Бојчин ќе упати пораки за подобрување на третманот на болните од оваа болест. 

 
 
16.05.2016 - 08:31

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега