Хорор: Го фрлил двомесечното бебе низ прозор поради расправија со сопругата

Голема расправија на брачен пар во Германија заврши трагично.

Во саботата навечер маж на 32 годишна возраст и неговата 12 години помлада сопруга влегле во жестока расправија која завршила крваво. Имено, мажот земал нож ја изборел својата сопруга која со последни сили крвава успеала да избега од станот и да се спаси од сопругот кој сакал да ја убие, меѓутоа тој тогаш го дофатил нивното дво месечно бебе и без ни малку милост го фрлил од прозор. Бебето паднало на бетон и на лице место починало.

Кога пристигнала полицијата човекот е пронајден во станот како со нож во рака како ги ржи двете деца на 5 и 4 годинишна возраст од претходниот брак закануваќисе дека ќе ги убие. За голема среќа по долго убедување на крајот мажот мирно се предал и со мала примена на сила веднаш бил совладан и уапсен.

За таа прилика тој ја повредил и 6 годишната ќерка, а за време на апсењето тој се здобил со лесни повреди и по преглед во болница е префрлен во затвор.

 

 
 
16.05.2016 - 09:21

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега