Савески од ГДОМ: Едните го сквернават идентитетот, другите градат и покачуваат плати и пензии

 

Вечерва во Битола повторно беше организиран собир на Граѓанското движење за одбрана на Македонија (ГДОМ).

Толпата граѓани на мирен собир порача дека политичарите треба да си стојат на зборот и да се одржат изборите закажани на 5-ти јуни.

ГДОМ порача дека нивните собири се за доброто на Македонија и дека тие се тука да ја одбранат земјата од оние кои немаат добри намери.

saveski-gdom

-Две Македонии. Едната која бојадисува, бербати, го сквернави македонскиот идентитет, ја уништува македонската гордост, спомениците од Скопје 2014-та, посегнаа по споменикот на Филип Втори Македонски, по судот, по општината. Другата Македонија која сака да гради автопати, болници, сака да гради градинки, училишта, сака да ги зголеми и ги зголемува пензиите, платите. Да им порачаме дека секоја вечер ќе си се собираме овде, како што не личи бидејќи другите милуваат да кажат дека не ги личело да бидат патриоти, рече Сашко Савески од ГДОМ.

 
 
16.05.2016 - 22:34

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега