Обука за намалување на емисиите на CO2 од лесните возила

Регионалниот центар за животна средина за Центална и Источна Европа (РЕЦ) ќе спроведе тридневна обука за политиките за економија на горивото во рамки на проектот „Стабилизирање на емисиите на стакленички гасови од патниот сообраќај преку двојно намалување на потрошувачката на гориво: регионално спроведување на глобалната иницијатива за економија на горивото“ - (Global Fuel Economy Initiative – GFEI).

Проектот треба да придонесе за намалување на емисиите на СО2 од страна на транспортниот сектор (лесните возила) во Македонија, преку изработка на соодветни политики за економија на горивото.

Целта на обуката е различни засегнати страни подобро да се запознаат со значењето на економијата на гориво и како таа придонесува за исполнување на глобалните цели за одржлив развој на ОН, на кој начин економијата на гориво придонесува за климатските промени, поточно со СО2 емисиите од патничките возила и, на кој начин политиките за економија на горивото придонесуваат за квалитет на горивата на пазарот. 

Учеството на различни засегнати страни што имаат допирни точки со економијата на гориво од патничкиот сообраќај треба да придонесе за поставување на појдовно сценарио за национална економија на гориво, при што ќе се идентификува потрошувачката на гориво (СО2 г/км за 2005, 2008 и 2013 година), како појдовна точка во утврдување на целите во политиката за национална економија на горивото.

Проектот се спроведува со финансиска помош од Глобалниот еколошки фонд (GEF) во износ од 200.000 долари и национално ко-финансирање кое е обезбедено од Министерството за животна средина и просторно планирање со износ од 53.262 долари и од рафинеријата ОКТА во вредност од 26.738 долари.

 
 
17.05.2016 - 08:20

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега