ГДОМ во Делчево: Избори на 5-ти јуни со масовно референдумско гласање на македонскиот народ

Делчевчани порачуваат дека се будни и дека ја следат состојбата. Бараат крај на политичката криза во државава на тој начин што граѓаните ќе си гласаат на избори.

delcevo-gdom
ГДОМ од Делчево на вечерашниот собир од под знамето на Р. Македонија порачува:
 
-Избори на 5 ти јуни со масовно референдумско гласање на Македонскиот народ со што сите гласно ќе му кажеме на целиот свет дека единствен суверен во Република Македонија е Македонскиот граѓанин кој има право на избори според Уставот на државата да избере свои политички водачи кои ќе продолжат да ги раководат институциите за развој на Македонија во иднина. Ги осудуваме сите притисоци од било кои надворешни емисари чиј што интерес е да го потчинат Македонскиот народ на нивната политичка воља. Гордо и достоинствено да му порачаме на цел свет дека во Македонија е најважна демократијата и правото на глас на секој поединец и никакви поединци без легитимитет од граѓаните не смее да одлучува за било какви прашања поврзани со сувереноста и независноста како и идентитетот на државата, а најмалку за промена на вековното име на овој древен народ. МАКЕДОНИЈА НА МАКЕДОНЦИТЕ! Сега и засекогаш, рече Кирчо Анастасов од ГДОМ-Делчево.
delcevo-2gdom
delcevo-3gdom
 
 
17.05.2016 - 20:53

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега