Издржете уште викендов: Доаѓа сонце и температури над 30 степени

Дожделивиот викенд најверојатно ќе биде последен таков до крајот на месецов. Од петок се очекува ново наоблачување, пад на температурите и врнежи од дожд. Слично време со температури не повисоки од 18 степени се најавува и за во сабота, а во недела ќе следи разведрување и мал пораст на температурите. Во текот на целата наредна седмица ќе имаме претежно сончево време и тренд на пораст на температурите кои врвот ќе го достигнат за викендот. Во некои делови на Македонија ќе надминат и 30 степени.

 

 
 
18.05.2016 - 11:25

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега