Наградна игра на ЕВН: Доделени новите ваучери од 100.000 и 30 000 денари

Добитниците на највредните награди од четвртото и петото коло на наградната игра на ЕВН Македонија „Награди за штедлив дом“ ги подигнаа ваучерите и веќе планираат кои штедливи апарати ќе ги заменат во своите домови.

Гоце и Зорка Тупановски од Битола добитници на вредносен ваучер од неверојатни 100.000 денари, од четвртото коло на наградната игра со сомнеж и двоумење дојдоа по својата награда.

„Не информираа дека сме добитници на вредносен ваучер од 100.000 денари за купување на енергетски ефикасни апарати за домаќинство, но уште долго преговаравме дали да одиме и да си го подигнеме ваучерот, сметајќи дека попусто ќе одиме, бидејќи бевме убедени дека е само несолена шега, изјави Зорка Тупановска.

„Сепак, откако го подигнавме, веднаш направивме план како ќе ги распоредиме средствата; телевизор за едната ќерка, фрижидер за другата. Нам она што ќе ни остане. Пресреќни сме и презадоволни од ова големо изненадување, ниту се надевавме, ниту знаевме дека може да добиеме нешто. Едноставно лојални корисници сме на ЕВН, редовно ги плаќаме сметките и ете среќата ни се насмеа“ - додаде Зорка.

 Штипјаните, Роберт и Емилија Христови и нивните две деца Методи и Бојан го подигнаа ваучерот од 30.000 денари од петтото коло од наградната игра на ЕВН Македонија „Награди за штедлив дом“.

„Секоја година сме одлучни дека ќе купиме клима уред и тоа никако да го направиме, бидејќи секогаш има нешто поприоритетно да набавиме за таа сезона. Нов телевизор и лаптоп веќе земавме, па ред е да се купи и тоа. За нас е одлично што добивме ваучер, а не финансиски средства, бидејќи одново ќе ги потрошевме на нешто друго. Вака сум сигурен дека дома конечно ќе имаме клима уред“ - изјави задоволно Роберт.

Вредносните ваучери од 100.000 и 30.000 денари, но и сетовите за енергетска ефикасност до сега израдувале над 160 домаќинства и мали бизнис корисници со ажурирани податоци во базата на ЕВН, кои имаат право на учество во оваа наградна игра.

 Извлекувањата на добитниците од наградната игра на ЕВН Македонија се одвиваат во емисијата „На гости кај“ која се емитува секој понеделник од 20.15 на МТВ и секој вторник од 23.25 на Алсат ТВ.

 За повеќе податоци околу наградната игра, извештаите за наградите и најлесниот пат за ажурирање на податоците на следниот линк  evn.mk.

 

Сите емисии „На гости кај“ ќе ги најдете на следниот линк: https://www.youtube.com/channel/UCpwE6hwhGBH6BlvGi3dnBRA

 
 
18.05.2016 - 13:29

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега