Македонија сигурно место за инвестиции: „Ван Хол“ започна да ја гради втората фабрика

Започна изградбата на втората фабрика на белгиската фабрика Ван Хол во ТИРЗ Бунарџик 2.

Во новата фабрика планирано е да бидат вработени 450 работници, а вкупната инвестиција е 17 милиони евра.

Изградбата ќе се реализира во три фази. Во првата фабрика што оваа компанија ја отвори во Македонија се произведуваат автобуси за американскиот пазар.

Вкупната инвестиција на Ван Хол од почетокот со работа во Македонија пред две години изнесува над 33 милиони евра.

Вицепремиерот Владимир Пешевски кој е дел од настанот кој ќе донесе многу вработувања, истакна дека Ван Хол е пример за добрите економски политики и доказ дека Македонија е сигурно место за инвестирање.

 

 
 
18.05.2016 - 14:31
Фото: 
МИА

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега