Груевски: Задоволство ми е што започна градбата на новата фабрика на Ван Хол која ќе отвори нови 450 вработувања

Задоволство ми е што денеска започна градбата на новата фабрика на компанијата Ван Хол белгискиот производител на автобуси кого по 4 годишни напори за прв пат го донесовме во Македонија во 2012-та година, кога почна да ја гради првата фабрика, вели лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски.

gruevki

Ван Хол во 2013-та ја изгради првата фабрика и досега произведе над 1000 автобуси, а вработи околу 850 луѓе.

-Со новата фабрика се планира вработување на уште 450 директни и 100 индиректни вработувања. И само директните вработувања ќе надминат над 1250 , над 1300 практично вработени. Важно е да се каже дека оваа инвестиција вредна 17 милиони евра и 450 нови директни вработувања , плус 100 индиректни е донесена во еден специфичен период што бараше од нас додатни напори, во убедувања на компанијата. Во убедувања на сопствениците дека нема да имаат никакви ризици, имајќи ја предвид  политичката криза којашто ни е наметната во изминатата година и пол, вели Груевски.

Многу ни помогна тоа што компанијата веќе е стационирана во Македонија , вели тој, не запозна и нас и земјата, и предностите што ги дава Македонија и економскиот тим на Владата.

-На тој начин , со едно предзнаење односно веќе познавање  на приликите во Македонија и економскиот тим се одлучи за втора крупна инвестиција со којашто годишно ќе се произведуваат над 1000 автобуси, додава Груевски.

 
 
18.05.2016 - 16:18

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега