Хуманитарна аукција: Да помогнеме на тешко болните дечиња на Детска клиника

Фондацијата „Златна Рипка” за исполнување на желби на тешко болни деца, денеска во Чифте Амам ќе организира втора хуманитарна аукција посветена на надежта, силата и на моќта на исполнетата желба за дечињата кои се борат за својот живот.

Во нивната надеж и сила, веруваат и  ликовните уметници Невзат Бејтули Кица и пријателите, Ване Костуранов, Вања Урошевиќ, Александар Станкоски и Мартин Трпеноски кои помагаат со донирање на своите дела.

Средствата добиени од аукциската продажба се наменети за исполнување на желбите на децата кои се лекуваат на одделот за Онкологија при Детската Клиника во Скопје,  каде во моментов се дваесетина дечиња на возраст од три од 15 години.

Мисијата на тимот на „Златна Рипка“ е да го разубави секојдневието на овие дечињата кои се борат за својот живот и преку заживување на нивните мечти и исполнување на нивните  сништа.

 
 
19.05.2016 - 08:24

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега