Деветмина повредени во Куманово: Удриле во паркирано возило па прегазиле две деца

Девет лица, меѓу кои и еден малолетник се тешко повредени во сообраќајната несреќа што се случи синоќа во 20 часот и 40 минути на крстосницата на булеварот „Октомвриска револуција“ и „Глигор Прличев“ во Куманово.
 
На повредените  укажана им е лекарска помош во Медицинскиот центар Куманово, а во несреќата и седумгодишно девојче се здобило со тешки телесни повреди и е префрлено итно во Ургениот Центар во Скопје. За среќа, детето е надвор од животна опасност.
 
Како што појаснуваат од СВР Куманово, во сообраќајката се судриле автомобил „шкода“ и „сеат ибица“ со кумановски регистарски таблички. „Шкодата“ ја управувала 20 годишната М.Л. која се движела од центарот кон периферијата, а со „Сеат ибица“ управувал 17-годишниот Н.Р  кој се движел во спротивна насока.
 
Во моментот кога автомобилот „сеат“ свртувал кон „Григор Прличев“, а „шкодата“ се движела право, дошло до судир на двата автомобили. „Шкодата“ продолжила да се движи право и удрила во паркиран „пасат“, сопственост на 39 годишната Е.В и во двајца малолетни пешаци на тротоар.
 
Полицијата извршила увид.
 
 
19.05.2016 - 10:12

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега