ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ поднесоа закон за поништување на аболицијата

ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ предлагаат дополнување на Законот за помилување со нов член 11-а со што се воведува можност претседателот на државата да го поништи помилувањето дадено без претходна постапка за помилување во рок од 30 дена од денот на донесувањето на овој закон, при што претседателот не е должен да ја образложи одлуката. Овој предлог-закон денеска е на дневен ред во Собранието. 

„Лицето за кое е донесена одлука за помилување има право до претседателот на Републиката да поднесе барање за поништување на одлуката за негово помилување. Претседателот на Републиката е должен во рок од 30 дена од денот на поднесувањето на барањето, да ја поништи донесената одлука. Целта на Предлог - законот е создавање на правна основа за поништување на помилувањето дадено од претседателот на Републиката без претходна постапка, во утврден рок без должност за образложение на истата. Со предложениот закон на лицето кое е помилувано му се дава право да поднесе барање за поништување на одлуката за негово помилување до претседателот при што претседателот е должен одлуката во утврдениот рок да ја поништи“, се вели во образложението.

 
 
19.05.2016 - 11:14

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега