Груевски го исполни ветеното: Џонсон Контролс е значајна инвестиција за Струмица
Ова е многу значајна инвестиција за Струмица, прва од ваков поголем вид, долго работевме на неа како економски тим во Владата. Минатата година ја ветив тука во Струмица и сега почнува реализацијата на делот што е „гринфилд“, односно на изградба на нова фабрика. Треба да се вработат 1.500 луѓе како директни вработувања, плус поголем број на луѓе како индиректни вработувања, изјави за Телевизија Нова лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски.
Груевски вели и дека ова е инвестиција вредна околу 20 милиони евра, што ќе овозможи вработувања не само во Струмица, туку и во поширокиот регион. Тој додаде и дека често пати Џонсон Контролс знае да го надмине бројот на планирани вработувања, како што е случајот во Скопје и во Штип.
-Нема да бидам изненаден ако наместо 1.500 дојде до 1.800 или 2.000 вработувања, плус оние индиректни вработувања коишто секогаш доаѓаат со еден ваков голем конгломерат, рече Груевски.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа