Хорор во стан во Аеродром: Креветот горел - старец лежел во него

Вистинска драма се одвивала во 10 часот на улицата „Ангел Димовски“ во стан на Пензионерски Дом-Аеродром, во кој живеел 63-годишниот С.К.

Откако соседите почувствувале дим во ходникот и влезот, се упатиле пред станот каде старецот го затекнале легнат на подот со повреда на левата рака, а од станот излегувал дим и во делот на креветот имало пламен.

Од екипа од Итната помош С.К. бил пренесен во Ургентен Центар, а поради сериозноста на повредата бил задржан на понатамошно лекување.

Пожарот бил локализиран. Се работи на целосно расчистување на случајот.

 
 
19.05.2016 - 13:53

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега