Претстојното лето во Македонија ќе биде потопло од вообичаено
Претстојното лето во Македонија ќе биде потопло, а врнежите нема да отстапуваат од многугодишниот просек, предвидуваат од УХМР според прогностичките материјали што ги преземаат од Европскиот центар за среднорочна прогноза на времето во Рединг и Виртуелниот центар за климатски промени за Југоисточна Европа.
Сезонскиот изглед на времето во Македонија за периодот јуни, јули, август 2016 покажува дека температурите на воздухот ќе бидат малку повисоки од просечните, но тоа надминување нема да биде повеќе од 1 до 20С. Kоличината врнежи ова лето се очекува да биде во рамките на просекот, со можност на посушен источен дел и поголема веројатност на позитивно надминување во останатиот дел од Републиката.
Од УХМР информираат дека постои веројатност во летната сезона да се јават периоди со исклучително топло и сушно време, како и веројатност за изразени негативни отстапувања од вообичаените средни вредности на температурата, но и влажни продори.
Во Република Македонија многугодишниот просек 1981-2010 за температурата на воздухот во лето е во границите околу 160С во планинските предели до 25,30С измерени во Гевгелија, а просечната количина врнежи е од 23,9 мм во Штип до 96,7 мм во Маврово. По исклучително топлиот април, што според мерењата е најтопол во историските податоци од 1950 година, мај досега се покажа како релативно постуден и доста врнежлив. Историски гледано измерените температури и врнежи не се невообичаени за овој месец.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа