Вељаноски оствари средба со Јоханес Хајндл
Претседателот на Собранието на Република Македонија, Трајко Вељаноски денеска го прими личниот претставник на министерот за надворешни работи на Сојузна Република Германија, амбасадорот Јоханес Хајндл.

На средбата соговорниците разменија мислења во насока на што поскоро решавање на сите пречки што стојат на патот за излез од политичката криза во земјата. Соговорниците се согласија дека сите политички субјекти треба да го тргнат личниот интерес на страна и да го стават во преден план интересот на државата за доброто на граѓаните.
Исто така беше нагласена и потребата за итно превземање на решителни чекори за реализирање на забелешките во Извештајот на Прибе со цел земјата да се врати на патот на евроатланските интеграции.
Двајцата соговорници се согласни дека парламентот е место каде што треба да се спротистават ставовите и интересите на партиите, клучно место во насока на исполнување на реформскиот процес за остварување на примарната цел, членството во Европската Унија и Нато Алијансата.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа