Груевски се сретна со Роберт де Грот

 

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски денес оствари средба со државниот директор за европска соработка во Министерството за надворешни работи на Холандија, Роберт де Грот.

gruevski de grot1

Соговорниците разговараа за актуелните случувања поврзани со политичката криза, предизвиците со кои се соочува државата, како и остварувањето на стратешките цели и интереси на Република Македонија. Груевски истакна дека целта на ВМРО-ДПМНЕ е брзо надминување на политичката криза, и враќање на процесите во нормала, обезбедувајќи сигурност и стабилност потребна на граѓаните, информираат од партијата.

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Груевски посочи дека при носењето на одлуките партијата се води од интересите на државата, запазувајќи ја волјата на граѓаните, при што на тој план ВМРО-ДПМНЕ е отворена за постигнување на решенија кои би значеле додадена вредност на процесите важни за државата.

gruevski de grot

Соговорниците разговараа и за евроатланските интеграции на државата при што Груевски посочи дека влезот во ЕУ и НАТО преставува стратешка цел за што и се превземаат активностите и мерките предвидени со акцискиот план, а кој се во насока на унапредување на критериумите во повеќе суштински области од судството, администрацијата, медиумските слободи.

За остварувањето на овие приротиети е добредојдена поддршката од земјите членки вклучително и Холандија која е отворена за соработка и пподдршка во остварувањето на таквите интеграциски цели, истакна Груевски.

 
 
19.05.2016 - 20:16

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега