ДУИ бара од Иванов и помилуваните да постапат по промените на Законот за помилување

 

ДУИ ја поздравува денешната одлука на Собранието на Република Македонија за измена на Законот за помилување со што се овозможува решавање на големиот проблем со кој се соочува нашата земја кој беше предизвикан од одлуката на Ѓорге Иванов од 13 април годинава, со која беа помилувани 56 лица.

- По создавањето на законските услови за повлекување на одлуката за помилување, ДУИ, како потписник на Договорот од Скопје за надминување на политичката криза, бара Иванов да дејствува веднаш во согласност со неговите јавни изјави и да ја промени својата одлука за помилување, се вели во соопштението.

ДУИ ги охрабрува сите 56 помилувани лица  што е можно поскоро да упатат барања до Иванов за да се повлече одлуката која беше донесена без нивна согласност и да овозможат правдата да ја обелодени вистината.

- ДУИ со прецизност ќе работи на реформирање на институциите во согласност со очекувањата на Евро-атлантската заедница и ги повикува другите парламентарни партии на конструктивен начин да го помогнат сложениот реформскиот процес за постигнување до веродостојни и сеопфатни избори, стои во соопштението од ДУИ.

 

 
 
19.05.2016 - 20:43

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега