Каракамишева: Време е за враќање на Груевски на чело на Владата

Време е за враќање на старата состојба во Владата и Груевски на нејзино чело, вели професроката Тања Каракамишева, во изјава за Телеграф.

Сега на ред е враќање во поранешна состојба. Сега на ред е враќање на Никола Груевски за претседател на Владата, враќање на сите министри што беа тргнати од Владата поради каприците на СДСМ, и секако продолжување на реализацијата на програмата на Владата за која гласале мнозинството граѓани во земјата. Со оглед на фактот дека СДСМ не сакаше да излезе на изборно соочување пред гласачите, оваа партија треба да продолжи да дејствува како одговорна опозиција до 2018 година, колку што е и мандатот што го добила од своите гласачи. Редно време е СДСМ да почне сериозно да ја сфаќа политиката, да подготви политичка програма која ќе им ја понуди на граѓаните на земјата, и да се однесува политички одговорно на политичката сцена. Исто така, СДСМ треба да престане да дава противуставни предлози за наводно надминување на кризата бидејќи секој противуставен или противзаконски предлог оди директно на штета на владеењето на правото, а тоа е и на штета на државата. На земјата ѝ е доста од правните акробации и правните ујдурми што ги смислува СДСМ. Доста ѝ е од кршење на Уставот, од повреда на владеењето на правото заради лични и тесно-партиски цели и интереси на СДСМ. Сè што се создаде противуставно и надвор од волјата на граѓаните во земјата, новата Влада на чело со Груевски треба да го стави надвор од сила - смета Каракамишева.

 
 
19.05.2016 - 20:55

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа