ВИКЕНД ВРЕМЕНСКА: Доаѓа влажен бран, ќе наврнат 50 литри дожд
Времето во Македонија ќе биде претежно облачно и посвежо со врнежи од дожд и појава на грмежи. Попладне врнежите ќе бидат пообилни во западните и северните делови. Ќе дува повремено умерен ветер од јужен правец. УВ=4
Утринската температура ќе се движи од три до 12, а дневната највисока температура на воздухот ќе се движи во интервалот од 15 до 23 степени.
Во Скопје ќе биде претежно облачно и посвежо со врнежи од дожд и појава на грмежи, особено попладне и во вечерните часови. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец.
Температурата ќе се движи од осум до 19 степени.
Во сабота времето ќе биде облачно со врнежи од дожд и појава на грмежи. На повеќе места врнежите ќе бидат пообилни, во петок во западните и северните делови, а во сабота во јужните делови. Се очекува да наврнат над 30 л/м2, а локално и околу 50 л/м2. Во сабота дневната температура ќе биде значително под просекот за овој период од годината. Од недела се очекува стабилизирање со пораст на дневната температура. Услови за локален дожд ќе има во вторник.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа