Скопјани „дивеат" на улиците: Уште еден ден полн со сообраќајки

И покрај тоа што полицијата демне, а казните за прекршоците се големи, нема крај на несреќина на подрачјето на Скопје.

Во текот на вчерашниот ден полицијата регистрирала 16 сообраќајни незгоди, од кои осум поминале само со материјална штета, додека во пет со полесни повреди се здобиле 11 лица. Три лица поминале тешко повредени на скопските улици.

Како што информира за МИА главниот инспектор Сашо Дамјановски од СВР - Скопје, во текот на изминатиот ден по спроведените контроли, откриени и санкционирани се поголем број на прекршоци. 

Тринаесет возачи не ги почитувале ограничувањата на брзината на движење, четворица возачи го управувале возилото под дејство на алкохол и истите се исклучени од сообраќај и седум возачи не го користеле сигурносниот појас или го користеле мобилниот телефон за време на управување на возилото. Затекнати се и 47 непрописно паркирани возила, пет лица со необновена регистрација на возилото и четворица пешаци поминале вон обележан пешачки премин или, пак, поминале на црвено светло на семафор.

Со помош на специјалното возило во текот на изминатиот ден отстранети се 70 возила.

Во делот на превентивните активности денеска ќе се одржат едукативни работилници со учениците од четврто одделение во ОУ „Крсте Мисирков“, општина Гази Баба.

Во рамки на сообраќајно воспитна манифестација во сабота во ОУ „Војдан Чернодрински“, од 9 до 14 часот ќе се одржи државниот натпревар „Детски семафор“ - „Сообраќајно техничка култура на младите“ во која со велосипеди и мопеди ќе земат учество ученици од основните и средните училишта во Република Македонија.

 
 
20.05.2016 - 09:01

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега