Ахмети по средбата со Хајндл: Договорот од Скопје продолжува со полн капацитет

Претседателот на Демократската Унија за Интеграција, г. Али Ахмети денес во седиштето на ДУИ во Тетово го пречека специјалниот претставник на Владата на Германија, Амбасадорот Јохан Хајндл.
 
Г.Ахмети му се заблагодари на Амбасадорот Хајндл за посетата и го запозна со последните случувања во земјата со што ја поздрави одлуката на Уставниот Суд, по иницијативата на ДУИ која овозможува враќање на Собранието како основен предуслов за се, потоа ги откажавме изборите на неодредено време, исто така, создадовме законска можност за повлекување на одлуката за помилување на Иванов, осигуривме гаранција за продолжување на работата на специјалниот обвинител и во рок од само еден ден одобривме неколку потребни реформски закони за работата на Државната Изборна Комисија.
 
Овие чекори ја вратија стабилноста и безбедноста и се предуслов за спроведување на реформите кои ќе доведат до веродостојни избори.
 
Г.Ахмети истакна дека Договорот од Скопје продолжува со полн капацитет, со специјален обвинител и независна изборна комисија, при што Владата ќе ги спроведе предвидените реформи со посветеност.
 
Лидерот Ахмети исто така ја покрена потребата за враќање на агендата за решавање на прашањето за името и го покани амбасадорот Хајндл и Германската Влада енергијата да ја фокусираат кон овој правец, бидејќи сите нерешени прашања во земјата произлегуваат од овој проблем.
 
 
20.05.2016 - 10:56

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега