НЕТПРЕС: Вртоглави суми пари за „шарените револуционери"

Се разоткрива логистичката мрежа и излегува на виделина вистината за шарената револуција, која всушност е скапо платен проект зад кој стојат милиони кој се сливале на приватни сметки, а за возрат токму тие лица се во првите редови и ударна тупаница на СДСМ ширејќи тези за наводно непостоење на слобода, недостаток на демократија, со цел рушење на легитимно избрана влада.

Парите на СОРОС кој што дејствува како продолжена рака на СДСМ откако ќе се свртат преку невладини организации кои што служат како клон организации завршуваат на стотици приватни сметки на личности кои што во моментов најгласни на улиците создавајќи секојдневно нереди. Па така, на платниот список на соросовите организации се наоѓаат новинари, јавни личности, актери, професори, самопрогласени граѓански активисти, пратеници, адвокати, судии, политичари, аналитичари кои наголемо сакаат да креираат една искривена слика за реалноста влечејќи го општеството во уште поголема криза.

Нетпрес истражувајќи дојде до фрапантни податоци кој што говорат дека само во последните две години на приватните жиро сметки на голем број на јавни личности завршиле неколку милиони денари.

За потсетување, според официјалните податоци само последната година СОРОС има буџет од 5милиони и 300 илјади евра, а, неофицијално, дел од овие пари се префрлани на речиси анонимни и фантомски организации кои што служат како бројка но и како пирамидална мрежа преку која се плаѓаат токму најгласните фарбачи на шарената револуција на СДСМ.

Вкупно 77 организации ја сочинуваат мрежата на СОРОС и платформата Граѓаните МК. Според податоците до кои дојдовме, ова е искористено и како база на иницијативата „Протестирам“ но и тоа се истите невладини организации со кој Заев и СДСМ потпиша платформа за соработка и кои активно ги протежира при преговорите за надминување на кризата како спотер организации кои треба да бидат негов инструмент.

Иако Нетпрес дојде до информации за повеќе стотина лица, денеска објавуваат само дел кој се офајдиле од мрежата на невладини организации финансирани од СОРОС. Платниот список ќе го започнат токму со актуелни членови, функционери и пратеници од СДСМ. Износите се искажани во бруто приходи, по различни формални основи на исплата.

Лидија Димовa која е пратеничка од СДСМ и прв човек на партискиот совет за евроинтеграции на својата приватна жжиро сметка инкасирана 137.808 бруто плата за 2014 година, дополнителни 136.063 бруто за лични примања по договор за повремена работа во 2014 година. Парите се префрлени токму од Македонскиот центар за европско образование, организација финансирана од СОРОС, а дополнително скандалозно е што токму Димова беше претходно нејзин прв човек, што би му дошло дека Лидија Димова од МЦЕО си префрла пари на Лидија Димова од СДСМ. Исто така Димова ќе остане позната што во 2012 година во Брисел бараше укинување на ИПА фондовите со образложение дека во 2013 година во Македонија треба да се одржат избори.

Сопругот на поранешната пратеничка на СДСМ Маринела Тушева, Бојан Маричиќ бил вработен во Фондацијата СОРОС а сега е извршен директор на МЦЕО која е соросова продолжена рака. Во 2014-тата од соросовата Македонски центар за европско образование земал бруто приходи од неверојатни 1 252 789 денари, додека минатата година инкасирал дополнителни околу 860 илјади денари. Додека  од НВО инфо центарот земал бруто по 27 344 денари за 2014та година, а во 2015-та дополнителни 30 466 денари.

На списокот е и поранешниот министер на СДСМ, и кандидат за претседател Љубомир Фрчковски. Тој во 2014-та година по основ на авторски права и договори земал во повеќе наврати по 6.710 денари преку соросовата ФОРУМ ЦСИД Скопје, а потоа наредната година сумата се наголемила на 7.526 денари. Тој во 2014-та година земал пари и од соросовата МЦЕО во износ од 8 250 денари. Покусо не останала и неговата ќерка Лени Фрчковска која работи запорталотЛибертас и која во 2014-та земала хонорар од 7.650 денари од центарот за развој на медиуми. Приходи имал и неговиот син Јон Фрчковски кој воедно е и претседател на младите на СДСМ во Центар. Тој заработил 14.444 бруто примања по договор за повремена работа во 2014 година. И Љубомир, и Јон и Лени секојдневно протестираат по улиците и јавно креираат незадоволство одработувајќи за она што се платени.

Пари земал и Ѓунер Исмаил од СДСМ кој од соросовата ФОРУМ ЦСИД за 2014-та и 2015-та година заработил 390.935 денари, а ништо покусо не е и неговата ќерка Соња Исмаил која е една од активистите на иницијативата протестирам која од истата соросова организација земала по 470.999 денари за две години.

Претседателката на комисијата за социјална политика на СДСМ Мила Царовска земала 823 илјади денари само во 2014-та година преку невладината Хера која е финансирана со соросови пари.

Во 2015-та година таа од истата организација земала дополнителни 592 105 денари.

Довчерашната техничка министерка за труд и социјална политика од СДСМ Фросина Ременска која ќе остане запаметена по кочењето на проектите како што се изградба на градинки и социјални станови исто така се офајдила од соросовата мрежа на невладини. Таа во 2014-та година земала хонорар од НВО Инфо Центар во износ од 5 846 денари.

Пари земал и поранешниот пратеник и потпретседател на СДСМ Гордан Горгиев кој од истата организација како и Фрчковски земал по 13.592 денари во 2014-та година, а потоа наредната година сумата се зголемила на 16.520 денари.

Рената Десковска од СДСМ исто така се офајдила од организациите финансирани од СОРОС: Покрај пратеничкото и професорското место таа во 2014-та година земала хонорар од соросовиот центар за развој на медиумите во иснос од по 3.333 денари

Во пирамидалната шема на финансирање се наоѓа и Маргарита Цаца Николовска која е претседател на партискиот совет на СДСМ за политички систем. Николовска само за примања по договор за повремена работа во 2014 година преку Македонскиот центар за европско бразование земала десетици илјади денари. Таа за возрат е една од најгласните против одлуките на Уставниот суд, оправдувајќи ги противправните дејства на СЈО на Катица Јанева и редица други непринципиелни акти во полза на СДСМ.

Се офајдил и адвокатот на Зоран Заев кој го брани во сите криминални случаи во кој е вмешан самиот Заев, Филип Медарски. Тој од Македонското здружение на млади правници земал по 19 675 денари цела 2014та година, а тоа продолжило и наредната година кога Медарски земал по 3 533 денари од истото здружение. Филип Медарски е познат по непотизмот во судството. Мајката на Филип Медарски, Елица Медарска е обвинител во Вишо ЈО Скопје, а сопруга на Филип Медарски е Софија Медарска, порано Спасова, судијка во Основен Суд 2, која пак е ќерка на Ристе Спасов, секретарот на Судот. Ова значи дека мајката на Медарски обвинува, а неговата сопруга пресудува.

 
 
20.05.2016 - 11:03

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега