Расте просечната плата во Македонија
Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во март 2016, изнесува 22.053 денари и бележи раст од три отсто, објави Државниот завод за статистика.
Зголемувањето се должи на повисоката просечна месечна исплатена нето-плата по вработен во секторите: Административни и помошни услужни дејности за 16,8 отсто, Информации и комуникации за 14,6 отсто и Градежништво за 12,8 отсто.
Зголемување на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во однос на претходниот месец, е забележано во секторите: Информации и комуникации за 10,7 отсто, Административни и помошни услужни дејности за 9,3 отсто и Рударство и вадење на камен за 6 проценти.
Просечната месечна бруто-плата по вработен во март 2016 изнесува 32.392 денари и бележи раст од три проценти.
Во март 2016 година, 1,3 отсто од вработените во Република Македонија не примиле плата.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа