Ветувањето исполнето: Се асфалтираат селските улици во кратовско

Она што беше најавено пред неколку месеци од страна на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски се остварува за жителите на кратовско.

ulica

Имено, за време на посетата на с. Страцин Груевски вети асфалтирање на патот во селото, во должина од 600 м, кој се протега од центарот на селото па се до црквата Св. Димитрија.

ulica3

-Вчера во маалото Лепановце се асфалтираше улица во должина од 400 метри. Овие пари се обезбедени преку Владата на Република Македонија, односно преку Агенцијата за финансиска поддршка за земјоделието. Ние ја искористивме можноста да аплицираме за мерката. Истовремено преку Агенцијата се работи и на изградба на локалниот пат од село Шопско Рудариво со манастирот Кладенци. Во моментов се врши тампонирање на патот и во наредните 15-20 дена ќе биде завршено асфалтирањето, вели градоначалникот Мите Андоновски.

ulica2

Андоноски вели дека преку Агенцијата за финансиска поддршка за земјоделието обезбедени се 20 милиони денари за асфалтирање на локалниот пат од село Каврак до браната Злетовица.

ulica1

 
 
20.05.2016 - 12:51

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега