Важна информација за сите кои планираат да одат во Грција

Граничните премини кон Грција „Ники“ („Меџитлија“) и „Дојрани“ („Стар Дојран“) за време на викендот ќе бидат затворени за патнички и товарни моторни возила поради штрајк на грчките цариници.

На Граничниот „Евзони“ („Богородица“), пак, сообраќајот при влез и излез од Грција ќе се одвива со прекини, односно на секои два часа прекин, ќе се пропуштаат возила во времетраење од 15-тина минути.

Македонското МВР добило извесување од грчките погранични служби дека преминувањето на границата пеш ќе биде дозволено за сите патници.

 
 
20.05.2016 - 13:16

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега