Паника во Велес - голем пожар пеплоса куќа во близина на Црната Џамија

Во Велес синоќа изгоре куќа на улица „Коле Цветков“ бр:29, кај Црна Џамија. Во моментот на пожарот во куќата немало никој. Соседите ја исклучиле струјата, а брзо интервенирала и Противпожарната единица, со што не било дозволено пожарот да се прошири на соседните  куќи.

Како што информира за МИА командирот на ППЕ од Велес, Љупчо Лепидовски пожарот бил пријавен во 21:50 минути, а бил изгаснат во 1:20 минути. Интервенирале 12 пожарникари со  две возила на Пожарната и цистерна со вода на ЈКП „Дервен“, а на помош им дошле и колеги пожарникари  од ППЕ од Свети Николе.

Според Лепидовски во пожарот целосно изгорела кровната конструкција и целиот мебел и инвентар, а и целата куќа е опожарена.

Полицијата изврши увид и работи на утврдување на причините за пожарот.

 
 
20.05.2016 - 13:51

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега