Арсовска: Малите и средни претпријатија се столб на македонската економија

Столбот на македонската економија треба да биде реалниот бизнис сектор на македонското стопанство, а тоа се малите и средни претпријатија, изјави за ТВ Нова Данела Арсовска, претседател на Сојузот на стопанските комори.

-Колку и да сакаме да кажеме дека имаме големи компании навистина се тие можат да се набројат на прсти, што веќе и генерално во светски рамки, ако паметам од било која од индустиските земји како што се Германија, Кина, Америка да земеме за пример во таа паралела тогаш ние воопшто и немаме големи компании во Македонија. Значи зборуваме за мали и средни претпријатија кои што работат, функционираат кои што целиот свој век да го посветат на македонското стопанство и на неговиот развој. Да придонесат за намалување на невработеноста, да го дадат својот допринос од аспект како што го даваат во даноците во придонесите и да се темели нашата стопанство, нашата економија на нив како еден столб кои што е цврст и кои што лугето инвестираат во сопствените капацитети и во градењето на сопствени бизниси, вели Арсовска.

Според неа, она на кое треба да се обрне внимание се сите овие мали и средни бизниси.

-Без да се посвети стимул, субвенција и не зборувам од аспект на овие материјални субвенции, кои што ги добиваат, туку и градење на нивните капацитети за понатаму да продолжат да функционираат. Сметам дека на долг рок македонската економија нема да може да го издржи овој раст како што го имаме во сега во моментот, вели Арсовска.

 
 
20.05.2016 - 22:07

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега