Јолевски на отворање изложби во Воениот музеј
Во галеријата на Воениот музеј на Калето вечерва ќе бидат отворени изложбите „Воена логистика – 140 години од Разловечкото востание и Ден на бригадата за логистичка поддршка на АРМ“ и „Фотографии од Македонскиот фронт во Првата светска војна: Животот во војна – Велушина 1917 од Колекцијата Ратајкоски“.
Како што соопштија од Министерството за одбарана, на свеченоста ќе се обрати министерот за одбрана Зоран Јолевски.
Дел од постановката на платото пред Воениот музеј ќе бидат стари полски кујни во импровизиран војнички камп, а на посетителите ќе им биде послужувано војничко гравче.
Изложбите се организираат по повод „Европската ноќ на музеите 2016 година“.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа