Поради шпекулациите од СДСМ, граѓаните изгубија 4 милиони евра

Само во месец април, македонските граѓани изгубиле дури 4 милиони евра, како резултат на извлекувањето на орочените депозити од банките и преварањето на денарските во девизни депозити. Ова како податок може да се види на ФБ страницата на Народната Банка на Република Македонија.

-Над 217 мил. денари достигнуваат губитоците на економските субјекти врз основа на неостварени камати заради предвремено повлекување на орочените денарски заштеди во април 2016 година. Граѓаните ќе бележат и трошок врз основа на курсни разлики, кога повторно ќе ги претвораат купените девизи во денари, кој се проценува на околу 23 милиони денари, пишува Народната Банка.

NBRM-FB

Огромни се штетите од шпекулациите на СДСМ

Македонските граѓани ги повлекуваа своите депозити, како резултат на паниката која се создаде во јавноста, заради девалвацијата на денарот. Но речиси пред секои избори од 2006-та наваму, а особено парламентарните, во јавноста се шират шпекулаци за девалвација. Паника дека ќе се намали вредноста на денарот се создаваше во 2008-та, 2011-та и 2014-та. Според познавачите, се работи за редовна предизборна тактика на СДСМ, која оваа година беше проширена и со гласините дека се несигурни штедните влогови. Уште тогаш во април, шпекулациите за девалвација ги отфрлија и претставниците на банките и Народната банка, но и останатите финансиски организации кои го анализираат домашниот финансиски пазар. Првиот човек на здружението за банкарство изјави дека банките имаат вишок ликвидност и дека се подготвени да ги сервисираат сите потреби на граѓаните кои можат слободно да располагаат со своите пари, независно дали сакаат да ги менуваат во евра или обратно, да ги подигитаат или орочуваат.Шпекулациите ги отфрли и гувернерот на Народната банка, порачувајќи дека економските фундаменти на земјата се здрави, а гласините оркестрирани.

kamata

Девизниот пазар стабилизиран- најлошото завршено

-Речиси целосно е запрено повлекувањето на депозитите од банките по шпекулациите во врска со политичката криза во Македонија, изјави и гувернерот на НБРМ Димитар Богов во нтервју за Ројтерс. Богов посочува дека во текот на април се повлечени 1,8 отсто од депозитите во банките што е прв таков случај по повеќе години постојан раст на депозитите.

-Во изминатите две недели гледаме стабилизација на ситуацијата, а повлекувањето на депозитите речиси запре. Има показатели дека граѓаните ги враќаат депозитите во банките, поради што сметаме дека најлошото е завршено, истакнува Богов.

По зголемувањето на каматите на благајничките записи од 3,25 на 4 проценти, Богов истакнува дека засега нема потреба од дополнително зголемување.

-Засега ситуациајта се стабилизира, потребните сигнали се пратени и веќе гледаме одговор од банките кои ги зголемуваат каматите на депозитите. Сметаме дека засега ќе нема потреба за дополнително зголемување, но остануваме будни и подготвени да употребиме мерки од монетарната политика ако се неопходни за да се зачува макроеконоската стабилност, истакнува Богов.

Гувернерот на НБРМ вели дека е можно Централната банка да ги намали каматите ако политичката криза наскоро биде решена и веќе нема шпекулативни напади врз стабилноста на денарот.

ИЗВОР: ЛИДЕР.МК

 
 
21.05.2016 - 10:26

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега