Нетпрес: Најгласните граѓански активисти на шарената револуција дебело платени за да протестираат

Десетици имиња на најгласните граѓански активисти во протестите на СДСМ се наоѓаат на платниот список на соросовите организации. Практично се работи за платени и дежурни демонстранти кои својот граѓански активизам дебело го наплатуваат, пишува Нетпрес.

Десетици имиња на најгласните граѓански активисти во протестите на СДСМ се наоѓаат на платниот список на соросовите организации. Практично се работи за платени и дежурни демонстранти кои својот граѓански активизам дебело го наплатуваат.

Како што и во текот на вчерашниот ден објави Нетпрес, буквално тие добиваат плата за да протестираат, а парите не се проблем. Стотици илјади денари,а  некаде и во милиони се бројат бруто износите што ги инкасирале активистите на шарената револуција платени да го „фарбаат“ народот со своите шарени лаги.

Аферата на платеничката револуција на СДСМ и СОРОС добива се поголеми размери. Според истражувањата на Нетпрес и информациите до кои што дојдовме освен функционерите и партиските членови чии што приходи ги објавивме вчера, за дежурното протестирање на сите можни протести организирани од опозицијата дебели суми на пари инкасирале и т.н. граѓански активисти.

Денес ви пренесуваме дел од најновите податоци за надоместокот исплатен на дел од граѓанските активисти.

Ирена Цветкович

Ирена Цветковиќ

Ирена Цветковиќ која е дел од дежурните протестантски иницијативи финансиски поддржани од СОРОС, а во функција и цел на СДСМ, дебело си го наплатува својот активизам. Таа само од Коалиција „Сексуални и здравствени права на маргинализирани заедници“ за заштита на правата на ЛБГТ заедницата минатата година заработила 1.208.720 денари. А во 2014-та година исто така си заработувала и од соросовата ФОРУМ инкасирајќи исплати од по 6.710 денари.

Љуми Беќири

Љуми Беќири

Љуми Беќири

Љуми Беќири

Застапникот на ЛГБТ заедницата Љуми Бекири кој сега е дел од иницијативата протестирам, а претходно и од студентскиот пленум си земал пари дури три соросови организации, од истата соросова ФОРУМ ЦСИД повеќе исплати од по 4.260 денари, повеќе исплати од Хелсиншкиот комитет на Пировска од по 6.148 денари, како и од организацијата Цивил од по 2.484 денари.

Бојан Јовановски - Боки 13 на протест

Бојан Јовановски – Боки 13 на протест

Дека не е за без пари поддршката на протестите и на Бојан Јовановски или Боки 13-ка покажуваат и сметките дека само за 2015-та година од ХЕРА тој земал близу 1 милион денари или 998.627 денари. И неговиот истомисленик и соборец во проитестирањето на Кочо Андоновски е дел од соросвата платеничка листа. Тој во 2014-та година само од Хелсиншкиот комитет заработил 910. 073 денари.

Уранија Пировска

Уранија Пировска

Уранија Пировска од Хелсишнкиот комитет која предничи по жолчните напади врз владата и извештаите во кој се оцрнува нејзината работа си инкасирала пари од повеќе соросови организации. Па така во 2014-та година заработила по 28.474 денари од ЦСИД ФОРУМ, од МЦЕО 20.500 денари, од организацијата ЦРМ по 3.750 денари, а од Хелсишпнкиот комитет дури 1.096 704 денари. Во 2015-та година исто така од Хелсиншкиот комитет заработила 1.287.990 денари, а од НВО инфо центарот додатни 14.344 денари.

Марјан Забрчанец

Марјан Забрчанец

Ништо не засостануваат и Забарчанови. Маријан Забарчанец од МОФ кој е дежурен протестант и интензивен граѓански активист дебело си ги наплаќа своите услуги. Па така само од МОФ за две години има инкасирано 731.805 денари. Пари си земал и од ФОРУМ ЦСИД од по 4.260 денари.

Јасмина Забрчанец

Јасмина Забрчанец

Благоја Забарчанец кој исто така е еден од најгласните на протестите на СДСМ од шарената револуција само од РОМА СОС во 2014-та и во 2015-та година си инкасирал 75.008 денари, додека Јасмина Забарчанец од истата организација исто така си го наплатила својот активизам со исплати од 4.536 денари.

Владимир Вангелов

Владимир Вангелов

Владимир Вангелов кој секојдневно е на протести и истиот се појавува и на протестите на плоштад Слобода, на партиските митинзи на СДСМ, на нивните партиски собири, на протестите против уставниот, а сега и на актуелните во кој се уништуваат и сквернават објекти и паметници на историските херои, својот активизам дебело си го наплаќа со парите на Соросовите организации.

Па така во 2015-та година Вангелов земал 532.129 денари од соросовите НВО Инфор Центар и ЦРМ, а претходната 2014-та година од соросовите клонови 8- ми Септември и НВО Инфо центар земале 168.310 денари. Вангелов беше дел и од фингираните протести и средби на градоначалникот Жерновски и неговата иницијатива да се солидаризира со граѓаните кои не сакаат нови барокни фасади на зградите во кој живеат.

Мариглен Демири

Мариглен Демири

Граѓанскиот активист Мариглен Демири кој јавноста го памети по упадот на предавањето кај професорката Каракамишева, исто така си ги наплатил своите активности и во 2014-та година од соросовата ЦСИД ФОРУМ имал исплати од по 3.398 денари.

Никола Наумовски

Никола Наумовски

Од истата организација својот активизам парично го уновчил и братучедот на Радмила Шекеринска Никола Наумовски кој исто така е дел од актулените протести на шарената платеничка револуција на СДСМ. Наумовски кој е дел од иницијативите на сорос плоштад слобода, распеани скопјани, го сакам ГТЦ и кој физички нападна новинар, само од ЦСИД Форум во 2014-та година си земал по 3.763 денари во повече наврати.

Џелал Хоџиќ

Џелал Хоџиќ

Исто како Наумовски и дежурниот платен протестант Џелал Хоџиќ си инкасирал пари од соросвите организации и тоа од ЦСИД ФОРУМ, ЦРМ, и 8-ми Септември.

Тој за 2014-та година си заработил 94.640 денари.  Додека Гочлев Александар кој е редовен декор на сите протести на СДСМ во 2014-та година 83.667 денари од две невладини на СОРОС, НВО инфо центар и 8-ми Септември.

Здравко Савески

На платниот список на соросовите организации е и Здравко Славевски од Левица кој заработи и пријава за нарушување на јавен ред и мир и оштетување на државниот имот. Тој за своите активности си заработувал по 3.398 денари од соросовата ЦСИД Форум

 
 
21.05.2016 - 12:53

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега