Дождот предизвика хаос во близина на Ски центарот Кожув
Врнежите од дожд предизвикаа прелевање на водата на Калковска река на регионалниот пат Удово-Валандово каде има наноси од кал и камења, а на регионалниот пат Гевгелија-Смрдлива Вода-ски центар Кожув поради стеснување на коритото на Коњска Река за изградба на ХЕЦ и надојдените големи количества вода однесена е една коловозна лента од патот во должина од 15 до 20 метри.
Екипите на ЈП Македонијапат со градежна механизација ги расчистуваат наносите на патниот правец Удово-Валандово и е поставена соодветна сообраќајна сигнализација.
На учесниците во сообраќајот им се препорачува внимателно управување со возилата, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и прилагодување на брзината на условите на патот.
Поради врнежите до излевање утринава дојде и на реката Пена во Тетово при што е поплавена земјена површина.
Во текот на ноќта најмногу дожд е наврнат во Маврово 72 литри на метар квадратен. Во крушево 46, Битола 43, Гевгелија 41, Претор 39, Лазарополе 37 Тополчани 34, Пожаране 33, Демир Капија 31, Тетово 28, Дојран и Пожар 27, Струмица и Охрид 26, Дебар 25, Прилеп 18. Скопје и Куманово 16, виница 9, Крива паланка 7 и Берово три литри на метар квадратен.
Во текот на денешниот ден најмногу дожд е наврнат во Гевгелија 30 литри на метар квадратен, потоа 23Пожар,22 Струмица и Д.Капија, 20 Крушево и Дојран, 14 Штип, 13 Берово, 12 Прилеп, 10 Виница, 9 Маврово, 8 Тополчани и Ѓуриште, 5 Битола, 4 Скопје, Пожаране и Лазарополе, 3 Тетово и еден литар на метар квадратен Претор.
Времето во целата земја е облачно и речиси насекаде има врнежи од дожд, кои се поинтензивни во југоисточните делови од земјава.
Врнежите ќе продолжат до вечерните часови и ќе престануваат почнувајќи од север. Во југоисточните делови сеуште се очекува тие да бидат пообилни.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа