Пандов: Груевски треба да се врати на премиерската позиција

Александар Пандов во отвореното студио на ТВ Нова зборуваше за улогата на ГДОМ, но и актуелната политичка криза во Македонија.

-ГДОМ стартуваше лани истовремено кога се случија „бомбите“. Улогата на ГДОМ се сотои во тоа што најдирекно им се обраќаме на луѓето за да им објасниме кои се политички потези кои ги влечат одредени политичари. Во купот на аболицирани беа двајца кои не треба да бидат –  Зоран Верушевски и Зоран Заев. Тоа се луѓето кои ја повлекоа Македонија во политичка криза,  истакна Пандов во отвореното студио на ТВ Нова

Според него во однос на аболицијата се нудат две можности. Едната е Иванов да го повлече помилувањето, или секој сам да го направи тоа.

Пандов смета дека Никола Груевски треба да се врати на премиерска позиција.

 
 
23.05.2016 - 21:17

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега