Пандов: СДСМ „купува време“ за да ја реформира партијата

Како некој што се занимавал и со политика, но и учесник во повеќе демонстрации, Александар Пандов во ТВ Нова истакна дека протестирањето сосема го поддржува како демократско право, но, како што вели, она што ги револтира граѓаните е насилниот начин на протестирање.

-Протестирањето е демократско право. Колку е човекот помлад толку пожелен е да протестира. Дополнително кај помали политички партии протестот е идеална форма за да се појават во јавноста. Сепак насилниот начин на протестирање ги револтира граѓаните, истакна Пандов во отвореното студио на ТВ Нова.

Тој додаде дека СДСМ ги одложува изборите за да си купи време.

-Реално, на крајот од денот „Протестирам“ можат да мислат што сакаат, тие се пуштени низ вода. Јасни се сигналите дека внатре во партијата постои политички договор. По мое длабоко уверување тој договор е добар за државата, за ВМРО-ДПМНЕ, а можеби и за СДСМ. Да си купи време за да ја реформира партијата. Да го промени Заев и да се појави на избори во нов состав, смета Пандов.

 
 
23.05.2016 - 22:34

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега