Адвокатот Шилегов удри по правдата

Петре Шилегов со фрлањето на боја кон министерството за правда успеа да ја урниса целата своја адвокатска кариера, каква и да е, пишува Денешен.мк.

Тој заедно со хулиганите од шарената револуција, своите партиски другари и платениците, во текот на вчерашниот протест удри со боја кон министерството за правда, истото она министерство според чиј закон за адвокатура работи Петре Шилегов.

Адвокатот Шилегов како член на адвокатската комора, која му ја издава лиценцата, го прекрши и урниса кодексот на адвокатите, каде што јасно стои во член 13 дека адвокатот е должен да го чува угледот на институциите пред кои се јавува, во интерес на адвокатурата. Загрозувајќи ја кредибилноста на адвокатурата во Република Македонија, останува прашањето дали адвокатот Шилегов ќе одговара пред органите на адвокатската комора за своите хулигански постапки.

Петре Шилегов во очите на јавноста веќе подолг период се обидува да го врати својот кредибилитет кој го изгуби и да се испере од својот срам. Кристално јасно може да се види неговата нервоза и агресија на дело, особено што во изминатиот период јавноста дозна дека тој на име на својата сопруга купил 2 стана во вредност од 160.000 евра по пат на кредит, а се знае дека неговата сопруга не е кредитоспособна со плата од 11.000 денари. Ваквите одговори јавноста сеуште ги чека од него.

 
 
26.05.2016 - 11:45

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега