Огромна трагедија: Мртво бебе најдено во куќа во Тетово

Вистинска трагедија ја потресе Македонија. Вчера во 1 часот и 40 минути во полиција во Тетово од Клиниката било пријавено дека починало бебе.

Трагедијата се случила на улицата „Иво Лола Рибар“, во куќата сопственост на С.Р. каде била констатирана смрт на неколкумесечно бебе.

Увид на местото на настанот извршила екипа од полицијата.

Засега не е познато како починало малото бебенце.

По наредба на Јавен обвинител телото на бебето е дадено на обдукција.

 
 
26.05.2016 - 12:25

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега