Хорор за жена на Партизанска

Вчера околу 19:00 часот во Кавадарци на крстосницата од улица  „Максим Горки“ и „Партизанска“, две непознати лица извршиле разбојништво над И.М. (73) од Кавадарци.

Додека истата седела на бетонски ѕид од ограда, сторителите и се доближиле од позади, ја собориле на земја и насилно и одзеле златна обетка, по што побегнале од местото на настанот.

Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителите и за целосно расчистување на случајот...

 
 
26.05.2016 - 12:24

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега