Хаос на Клиниките во Скопје: Кршел, дивеел и претепал болничар

Драма се одвивала на Клиниките во Скопје кога разбеснет маж влегол и направил хаос. Според податоците од македонската полиција, вчера во 15 часот на Клиниката за Радиологија, во Клиничкиот Центар Мајка Тереза, 46-годишниот И.И. почнал да го навредува персоналот, физички нападнал болничар, а го искршил и стаклото од вратата на ходникот, по што интервенирало обезбедувањето.

Скопјанецот здивел поради презакажан рок за „мој термин“.

Од страна на полициски службеници сторителот бил приведен.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

 
 
 
26.05.2016 - 12:29

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега