Моторциклист од Битола тешко повреден откако излетал од патот

Вчера во 18:45 часот во Битола на улица „Партизанска“ се случила сообраќајна незгода во која Ј.Ѓ. (25) од Битола, управувајќи моторцикл „Јамаха“ со охридски регистарски ознаки, сопственост на А.Б. од Охрид, изгубил контрола над истиот и паднал на коловозот.

Во незгодата, Ј.Ѓ. се здобил со скршеница на десна клучна коска и по укажаната лекарска помош во Клиничка болница Битола, е пуштен на домашно лекување.

Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР-Битола.

 
 
26.05.2016 - 12:36

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега