Направил сообраќајка и избегал: Штипјанец итно во болница

Во 21 часот и 30 минути на магистралниот пат Штип-Велес, се случила сообраќајка помеѓу Форд Галакси управуван од 37-годишниот штипјанец А.А. и мотор марка Сузуки без регистрација, управуван од засега непознато лице кое избегало на местото на настанот.

Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил сопатникот на моторциклот, 46-годишниот К.М. од Штип. Истиот е пренесен и задржан на лекување во Медицински центар Штип. 

Полицијата извршила увид.

 

 
 
26.05.2016 - 12:37

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега