Манасков потпиша за бундеслигашот Рајн Некар Ловен

Левото крило на македонската ракометна репрезентација и ракометар на шампионот Вардар Дејан Манасков во новата сезона ќе го носи дресот на бундеслигашот Рајн Некар Ловен.

Манасков по вторпат во својата кариера ќе настапува во тим од Бундес лигата, откако претходно од Металург направи трансфер во Вецлар.

- Пресреќен сум што се враќам во Бундес лигата. Секој ракометар сонува да заигра во најсилната лига во светот, а РНЛ е најдобриот клуб во Германија во моментов. Ќе ги стискам палците да ја освои титулата во Бундес лигата и летово да му се приклучам на актуелниот првак на Германија, изјави Дејан Манасков за сајтот на Рајн Некар.

Задоволен од договорот е и тренерот Николај Јакобсен кој има само пофални зборови за македонското крило.

- Задоволен сум што Манасков го одбра Рајн Некар. Тој е голем борец и има големо интернационално искуство. Ја познава добро Бундеслигата од периодот кога беше во Вецлар, зборува германски и сигурен сум дека идеално ќе се вклопи во нашиот тим, рече Јакобсен.

Договорот на Манасков со РНЛ е на една година. На две кола до крајот на сезонава во Бундес лигата, Рајн Некар Ловен е на првата позиција со бод повеќе од второпласираниот Флензбург. 

 
 
26.05.2016 - 16:59

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега