Република: Има пари, нема мир – 6.000.000 евра за платеничката војска на Сорос

За уривањето на Македонија, СОРОС потрошил фантастични 6.000.000 евра наменети за плати и хонорари за главните плукачи и бојосувачи на македонскиот народ, неговата традиција, култура, историја, идентитет. СОРОС со години ја финансира војската на СДСМ која треба да го спроведе планот никој во оваа земја да не се идентификува со Македонија, пишува Република.

На платниот список на Фондацијата отворено општество – Македонија, се наоѓаат невладини организации кои добиле 4,5 милиони евра, додека Сорос во Македонија само за свои плати троши околу 1,5 милиони евра за две години. Фондацијата „Сорос“ дневно само на своите вработени, без дополнителните организации кои ги финансира, за плата има 2.000 евра.

Така, со 6 милиони евра, Сорос од организациите кои ѝ се на платниот список создаде војска за тероризирање на државата. На платниот список се имињата на главните хушкачи, кои се претставуваат како „носачи на слободарската идеја против режимот“, меѓу кои има професори, судии, новинари, наводни граѓански активисти, политичари, но и млади луѓе кои со години се подложени на потполно „перење на мозокот“.

Во сумите не се пресметани и оние дневници поделени за поттикнување насилствата и обиди за предизвикување судири со полицијата, ниту дневниците делени за кампување пред владата во обидот да се исценира украинскиот „Мајдан“.

Никој да не се идентификува со Македонија

Веќе не е тајна дека парите од Сорос и од определени американски државни фондови се наменети за рушење на држави. Последните години во Македонија има обиди за копирање на тоа сценарио преку инсталации во невладиниот сектор, а оние кои се на платниот список на Сорос и на неколку странски државни институции повикуваа на отворени судири со полицијата и закрвавување на граѓаните меѓу себе.

Уште минатата година кога имаше првични обиди за да се исценира украинско сценарио пред акцијата во кумановско Диво Насеље, а потоа и со кампирање пред Владата, не беше тајна дека беа делени дневници од по 500 до 1.000 денари на оние кои се врткаа низ кампот на смени. Деновиве додека трае акцијата „бојосување“ се делат и до 3.000 денари за предизвикување инцидент.

Како што пишува Република, всушност ова е само финале на една подолго работена стратегија финансирана од и спроведена од соросовите фондови наменети за буквално перење на мозоците на просперитетни младинци. При индокринацијата на младинците во Македонија беше активиран српскиот професионален тим за кревање револуции „Канвас“, чии што обуки ги минаа значителен број на актуелните соросови главни „бојосувачи“. Обуките се спроведуваа низ соросовиот НВО сектор, поткрепени со пари и бенефиции како мамка, за да се исфилтрираат сегашните актуелни млади критичари, новинари, коментатори, колумнисти, за кои се отворени и интернет медиуми. Довчерашниот прв човек на Сорос и самиот призна дека под контрола држи десетина медиуми.

Нападите врз спомениците на македонските историски херои и Порта Македонија, како најголем трн во око на платениците, воопшто не е случајно. Уште во 2009 година при тие тренинзи вршена е директна индоктринација врз младите да не ја чувствуваат Македонија како своја држава.

– Во 2009 година, кога беше екот на кампањата на владата „Ти си Македонија“, една од основните лекции била да ги убеди слушателите дека „Ти не си Македонија“ и дека никој во оваа земја не треба да се идентификува со местото и државата на раѓање и живеење, туку да се чувствува исклучиво како човек на планетата Земја. Да нема никакво различно чувство за својот народ, традиција, историја и за својата земја во однос на која било друга – посочува претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски во своето последно интервју.

Па колку сето тоа чини? За колку пари може да проработи монструозноста и да се повикува на крв по улиците, онака како што тоа го повика Едмонд Адеми- човекот со експресна кариера во СДСМ и на кратко во МВР? Колку зелени банкноти беа потребни за Љуми Бекири да бара багеристи да ги гази полицајците? За колку долари својот народ јавно треба да го нарекуваш стока, неписмен, стадо, идиоти, без мозок и други навреди?

Каде завршуваат парите?

Документите до кои дојде Република откриваат која организација со колку пари располага и колку заработуваат од соросовиот буџет главните „борци против режимот“. Без никакво изненадување, во соросовата платеничка војска се и Љубомир Фрчкоски, Гордан Калајџиев, Мирјана Најчевска, Ѓунер Исмаил, Уранија Пировска, Марјан Забрчанец, Џелал Хоџиќ, Билјана Бејкова, Мила Царовска… Списокот е многу подолг, особено што СОРОС плаќа и цели семејства на наведените. Тука се и Филип Стојановски, Ирена Цветковиќ, Љуми Бекири, Здравко Славевски, Кочо Андоновски, Владимир Вангелов, Џелал Хоџиќ.

Значајна улога имаат и новинарите кои секојдневно преку медиумските инсталации на СОРОС шират пропаганда во корист на уривањето на државата, како Сашо Орданоски, Бранко Героски, неговата сопруга Билјана Илиќ, Драган Антоновски, Мухамед Зекири, Герман Филков, Ида Протуѓер, Сашка Цветковска, синот на Ерол Ризаов, Горан Ризаов, Саше Димовски, Зоран Димитровски, Зоран Бојаровски, Мери Јордановска, Предраг Петровиќ, Јофе (Јован Постоловски), Огнен Јаневски, Ивана Костовска, Биљана Секуловска, Владо Апостолов, Владе Ѓорчев. Потоа Суад Мисини, Влатко Станковски – Васиљ, Андреја Стојковски,се само дел од имињата на новинарите, уредниците и соработниците на соросовите медиуми, пишува Република.

Листата на сите кои во џебот пикаат пари од СОРОС е предолга, па тука ќе наведеме само дел од „најзаслужните“.

Уранија Пировска предводник на Хелсиншки Комитет за човекови права, која стои зад извештаите во кој се оцрнува работа на власта, од соросовите организации наплатила 2.451.762 денари, или приближно 40 илјади евра.

Бојан Маричиќ од „Македонскиот центар за европско образование“, организацијата на Лидија Димова, инаку сопруг на поранешната пратеничка на СДСМ Маринела Тушева, и поранешен вработен во Фондацијата СОРОС, во две години заработил 1.311.459 денари.

Билјана Бејкова од соросовиот „НВО Инфо центар“ за 2014-та и 2015-та година заработила 1.661.126 денари.

Во платеничка револуција Неда Коруновска од „Реактор“, програмскиот координатор на СОРОС, за последните две фискални години заработила 1.709.200 денари.

Мила Царовска, претседателката на комисијата за социјална политика на СДСМ преку невладината ХЕРА заработила 1.415.105 денари.

Од ХЕРА одлично заработува и Бојан Јовановски – Боки 13 кој лани наплатил 998.627 денари. Лани малку помалку од Хелсиншкиот комитет заработил неговиот истомисленик и соборец во протестите за рушење на режимот Кочо Андоновски со 910.073 денари од сметката на СОРОС.

Ирена Цветковиќ, меѓу најактивните редовни демонстранти на соросовите акции добро го наплатува активизмот. Таа од Коалиција „Сексуални и здравствени права на маргинализирани заедници“ заработува над 1.208.720 денари годишно. Притоа, ги наплатува и активностите во другите организации на СОРОС.

Мартина Смилевска, челник на соросвото Македонско здружение на млади правници добила 1.584.195 денари. Нејзиниот соработник Зоран Дранговскидобил над 990.000 денари.

Маријан Забарчанец од МОФ кој е „дежурен“ на протестите, за две години земал 736.065 денари.

На име на плати, Герман Филков од Центарот за граѓански комуникации заработил 2.774.447 денари за две години. Неговата соработничка од 2004 година и аферата „Фабрика“, Сабина Факиќ, во 2015 година од Соросовиот Центар за граѓански комуникации инкасирала 1.328.172 денари.

Александар Николиќ Писарев, уште еден поранешен новинар, а сега дел од СОРОС, од ФОРУМ ЦСИД, Плоштад Слобода, Цивил и други соросови организации наплатил 959.936 денари.

Зоран Бојаровски, колумност во Слободен Печат и Плус Инфо, медиумите на Бранко Героски финансиски поддржани од СОРОС, од друга СОРОС-ова експозитура ФОРУМ ЦСИД, за две години наплатил над 340.000 денари.

Метаморфозис, невладината ќерка на СОРОС, на синот на Ерол Ризаов,Горан Ризаов лани му исплатила над 340.000 денари. А препознатливото лице на Метаморфозис, Филип Стојановски познат и како Развигор, од СОРОС има заработено 945.610 денари.

Ако се анализираат кој се е претставник или дел од организациите и како се дели колачот работата станува уште појасна. Притоа, мора да се има предвид и дека во овие организации влегуваат и пари од други фондови, пред се, од САД и од европски држави.

„Македонскиот центар за европско образование“ за последните две години за хонорари и исплати свртел 10.350.250 денари, а меѓу сметките на кои легнале парите се и тие на Влатко Васиљ, Цаца Николовска, Каролина Астеруд, Бојан Маричиќ, Сашо Ордановски, па и Уранија Пировска од Хелсиншкиот комитет.

„Реактор“ во две години поделила хонорари во висина од 11.254.166 денари. Извршниот директор Дамјан Здравев во 2014 година наплатил 552.000 денари, за потоа заедно со Маринела Тушева и Радмила Шекеринска да држи говори пред шаторите на СДСМ пред владата. Од „Реактор“ одлично заработила и Тања Малеска, наплатила 1.453.528 денари. Од буџетот кој доаѓа од СОРОС, Блажен Малески, познат и од Студентскиот пленум лани инкасирал 356.796 денари.

Зад „Форум- Центарот за стратегиски истражувања и документација“(ЦСИД) стојат имињата на Ѓунер Исмаил и Сашо Орданоски, а од таму хонорари добиваат Мухамед Зекири, Зоран Бојаровски, Љуми Бекири, Љубомир Фрчкоски, Гордан Калајџиев, Никола Наумовски (братучед на Радмила Шекеринска) и други. ФОРУМ ЦСИД исплатила по 6.487,890 денари во две години како хонорари на над стотина дежурни демонстранти и активисти на СДСМ.

„НВО Инфо Центар“ во 2014 и 2015 година за хонорари поделила по 5.827,675 денари, а парите легнале на сметките активисти како Бојан Маричиќ, Владимир Вангелов , но и на Фросина Ременски од СДСМ.

„Транспарентост Македонија“ каде членови се Едмонд Адеми, Гордан Ѓоргиев, Ѓунер Исмаил, Гордан Калајџиев, Сашо Ордановски, Марјан Забарчанец, Ана Чупески, исплатени се хонорари во износ од 3.234,560 денари.

Од овие пет „експозитури“ на СОРОС, исплатени се 37.154.541 денар, или над 602.000 евра, на главните протагонисти во секојдневните протести на опозицијата, кои се борат против „режимот“ за „медиумски слободи“ и за „демократија“.

Што поддржува фондацијата

Факт е дека со парите од СОРОС постојано се поддржувала актуелната опозиција, со тоа што во годините кога била на власт, „машинеријата“ работела за нејзина поткрепа, посочува претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски во своето интервју за медиумите.

– Значи, некој однадвор секогаш низ овие две и пол децении плаќа да му се помогне на СДСМ. Прво, затоа што со таков избор на кадри во раководството неспособни се самите да дојдат на власт или да се одржат на власт и второ, затоа што некој сака да се тие на власт, заради некој негов интерес. Никој не дава толку пари без да има некој интерес од тоа– подвлекува Груевски.

Имајќи го предвид актуелниот политичко безбедносен момент во Македонија, но и глобалните раздвижувања на големите сили околу зоните на влијанија на стариот континент, како и најголемата мигрантска криза која ја тресе Европа, а притоа станува збор за интересите, не смее да се заборави и позицијата на Џорџ Сорос уште во раните деведесетти години на минатиот век, на почетокот на македонската самостојност.

Во 1993 година, кога Џорџ Сорос и неговата фондација влегуваат во Македонија, искористувајќи ја економската ситуација во земјата, како и сервилноста на власта на поранешните комунисти, Фондацијата понуди кредит за пополнување на дупката во државната каса, но во замена за отворено мешање во државните одлуки. Во отвореното писмо до пратениците тој посочува дека доколку државата ги употреби, како што вели „Сонцето на Александар“ – како што го нарекува сонцето од Кутлеш, или, пак, лавот за грб на државата, ќе се загубеле „симпатиите во светската заедница“.

За само неколку денови потоа државата се задолжува за 25 милиони долари кај Сорос. Пратениците во опозиција во заемот гледаат политичка заднина и не присуствуваа на чинот.

Парите на Фондацијата СОРОС и денес одат на сметка на оние кои тогаш застанаа зад тој заем, додека каматата на политичкиот кредит ја плаќаат граѓаните на Република Македонија.

 
 
27.05.2016 - 10:10

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега